СТОЛБ 1. МАКРОЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО ТУРБУЛЕНТНИ ВРЕМИЊА

Панел-дискусија 1. Фискални политики

Пандемијата доведе до тоа да испливаат главните разлики и нееднаквости помеѓу и во самите рамки на регионите и земјите. Владите обезбедија огромна фискална поддршка во економското заздравување, ограничувајќи ги последиците од пандемијата и од неодамна активно се вклучија на пазарите за да го ублажат влијанието од енергетската криза. Како да се ублажат социјалните последици од растот на цените на храната и на енергенсите? Дали може да се продолжи со фискални политики и мерки во услови на зголемен јавен долг? Како да се најде соодветен баланс помеѓу фискалната консолидација и понатамошната поддршка на растот? Централните банки сигнализираат дека наскоро се очекува зголемување на каматните стапки. Што би донело покачувањето на каматните стапки? Дали инфлацијата ќе се доведе под контрола? Кој би бил најдобриот начин да се постигне ова без притоа да се загрози закрепнувањето?

Панел-дискусија 2. Монетарни политики

Монетарните политики се прилагодливи и силно го поддржуваат економското закрепнување. Меѓутоа, во последниве месеци инфлацијата нагло се зголеми, пред сè како резултат на зголемувањето на цените на енергенсите и на храната. Централните банки сигнализираат дека наскоро се очекува зголемување на каматните стапки. Дали инфлацијата ќе се доведе под контрола? Дали нефункционалните заеми би можеле да ја поткопаат фискалната стабилност? Дали капиталните бафери се доволни за да се обезбеди отпорност на банкарскиот систем?

СТОЛБ 2. ОТПОРНОСТ, КОНКУРЕНТНОСТ И РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

Панел-дискусија 3. Придобивки од регионалната соработка и евроатлантски перспективи

Енергетска криза, тесни грла и нарушувања во синџирите на снабдување, флуктуација и одлив на работната сила (brain drain), притисоци од раст на платите и растечката инфлација, регулаторни услови … Водењето бизнис во регионот на Југоисточна Европа претставува особен предизвик во време на неизвесност. Економската дипломатија може значително да ги зајакне регионалната соработка и евроатлантските перспективи. Кои се клучните пречки за водење бизнис во регионот? Како да се зајакне регионалната соработка? Дали на сите бизниси им е потребна владина поддршка? На долг рок, усвојувањето нови технологии може значително да влијае врз растот на продуктивноста. Како да се воспостави рамнотежа помеѓу краткорочното закрепнување со долгорочните цели од усвојувањето нови технологии? Како да се забрза дигитализацијата? Дали за промоција на технолошкиот развој слободните економски зони се од клучно значење? Како да се изгради конкурентен и отпорен бизнис-сектор? Колкав е потенцијалот на дигитализацијата во подобрувањето на отпорноста и конкурентноста?

СТОЛБ 3. ЕНЕРГИЈА, ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА И ИНФРАСТРУКТУРА

Панел-дискусија 4. Енергија и зелена транзиција

Намалување на влијанието од загадувањето врз здравјето и животната средина треба да се земе предвид при креирањето и спроведувањето политики и стратегии. Иако можеби постојат еколошки легислативи, нивното спроведување сè уште претставува голем предизвик за регионот. Покрај тоа што се насочени кон намалување на влијанието врз животната средина, политиките во областа на енерегетиката воедно се тесно поврзани со геополитичките прашања. Дали зголемувањето на цените на енергенсите е краткотрајно или привремено? Како влијае моменталниот енергетски ценовен шок врз конкурентноста? Дали владите треба да се насочат кон ефективна енергетска поврзаност или кон енергетска независност? Кои се изгледите за поголема ослонетост на обновливи извори на енергија како стратегија за декарбонизација? Како да се модернизира севкупната транспортна инфраструктура, вклучително и ублажувањето на климатските промени, приспособувањето и подготовката на инфраструктура за електрични возила паралелно со зголемувањето на нивниот број и употреба? Кои се најдобрите практики за подобрување на енергетската ефикасност? Како да се финансира зелената транзиција и да се изгради одржлива економија? Можеме ли да изградиме одржлива општинска инфраструктура, што вклучува намалување на загадувањето на воздухот, предизвици на јавниот превоз, водна инфраструктура, управување со отпадни води и цврст отпад?

Панел-дискусија 5. Инфраструктура, поврзаност и трговија

Развивањето инфраструктура и услуги што се остварливи, зелени, отпорни, добро управувани, интегрирани и инклузивни, може да поттикнат одржлив развој. Новиот тренд на големата геополитичка важност во трговските политики, инфраструктурата и поврзувањето наметнува предизвици особено за малите земји и нивните изгледи за раст. Кои се инвестициските приоритети во регионот на Југоисточна Европа? Дали последните настани можат да бидат пресвртница во регионалната соработка? Како да се воспостави рамнотежа помеѓу краткорочните политички придобивки и долгорочните развојни ефекти од инфраструктурните проекти? Како да се зголеми капацитетот за спроведување за да се забрза затворањето на инфраструктурниот јаз? Како да се обезбеди фискален простор за инфраструктурни инвестиции? Како да се мобилизира приватниот сектор при подобрувањето на енергетската инфраструктура? Какви видови инфраструктура ќе бидат неопходни во следните 5, 10, 20 години? Како да се промовираат јавно-приватните партнерства (ЈПП) со цел вклучување на приватниот сектор во иницијативите на државата? Кои сектори повеќе позајмуваат на ЈПП? Како до успешни инвестиции во енергетиката дури и при вклученост само на приватниот сектор?

СТОЛБ 4. ПОСЛЕ КРИЗАТА: ДВИГАТЕЛИ ЗА ОДРЖЛИВ РАСТ

Панел-дискусија 6. Финансиски иновации и инвестиции во услови на неизвесност

Појавата на нови алтернативни инвестициски инструменти, поинтензивното и директно ангажирање на пошироката инвеститорска јавност („демократизација на пазарите“) при тоа давајќи поголемо значење и зголемувајќи ја употребата на технологијата во финансиите, се некои од трендовите што го одбележаа последниот период. Наглите драстични промени на пазарите и зголемената неизвесност ја наметнаа потенцијалната потреба од иновации во хеџинг стратегии и инструменти. Како да се прилагодат финансиските пазари во време на неизвесност? Дали инвеститорите како физички лица се новите двигатели на пазарите и како да се приспособи регулативата? Дали „Финтек“ ќе го револуционизира посредувањето и инвестирањето? Дали прашањата поврзани со сајбер безбедностa можат да бидат предност за традиционалните финансиски институции? Како би изгледала иднината на новите алтернативни класи средства? Како се менува концептот на пари и инвестиции?

Панел-дискусија 7. Нови предизвици за добро владеење

Владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, професионалниот, ефикасен и непристрасен судски систем се клучни предуслови за заштита на човековите права и креирање окружување што овозможува раст. Институционалниот квалитет е клучен во однос на доминантните обрасци на просперитет ширум светот. Кои се клучните предизвици во промовирањето добро владеење? Како да се интензивираат реформите во јавната администрација? Постои ли видлив напредок во борбата против корупцијата во регионот? На кој начин институциите можат да го поддржат економското закрепнување?

Панел-дискусија 8. Човечкиот капитал во дваесет и првиот век

Човечкиот капитал е главен двигател зад продуктивноста, конкурентноста, иновациите, долгорочните изгледи за раст и намалувањето на сиромаштијата. Со цел подобрување на човечкиот капитал, земјите мора повеќе да инвестираат во квалитетот и еднаквоста во образованието. Дали политиките на владите можат доволно да се фокусираат на човечкиот капитал во (пост)пандемискиот период? Кој е ризикот од континуирано недоволно инвестирање во здравството и образованието? Можеме ли да ги процениме економските последици од загубите во човечки капитал поврзани со пандемијата и како би можеле да се справиме со истите? Како да се одржат долгорочните заложби низ изборните циклуси? Како да се справиме со одливот на работната сила (brain drain)? Како да се вклучи дијаспората во поттикнувањето на економскиот развој?